Пет пациенти од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска се враќаат од лекување во Клиничкиот центар во Србија.
Согласно протоколот тројца од нив ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија и по еден пациент на Клиника за пластична хирургија и во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, информираат од Министерството за здравство.
Во текот на вчерашниот ден еден пациент се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, со што во странските медицински центри остануваат на лекување 38 пациенти.
-Во земјава во моментот се лекуваат седум пациенти, од кои во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ се хоспитализирани вкупно 4 пациенти, на Клиниката за пластична хирургија еден пациент, а во приватната болница Систина двајца пациенти, се наведува во соопштението.
Од Министерството за здравство велат дека континуирано ја следат состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.