Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Пијанино „Петроф“ за ОМУ „Ристо Јуруков“ донираше Ротари клубот Скопје

автор: Т. Ајтовски
27 ноември, 2025 14:36
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Пијанино „Петроф“ за ОМУ „Ристо Јуруков“ донираше Ротари клубот Скопје

Ново пијанино од марката „Петроф“ доби Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“, а го донираше Ротари клубот Скопје.

На предавањето на донацијата присуствуваа претставници од ротари клубовите Скопје и Кочани-Виница, чија одлична соработка придонесе новиот инструмент да го добијат учениците од Кочани.

Од музичкото училиште упатија благодарност за донацијата, ветувајќи дека ќе ја оправдаат довербата. Учениците за гостите приредија мини концерт, исполнувајќи класични композиции за пијано, флејта и виолина, а настап имаше и квартетот од традиционални музички инструменти со оро од кочанскиот регион.

-Имавме прилика да слушнеме одличен концерт од учениците на ова училиште и кога ќе видите дете кај што свири на кој било музички инструмент некако ја гледате надежта на луѓето, на оваа земја, на сѐ она што ние сакаме да го постигнеме. Ротаријанството само по себе постои за да служи на заедницата и ние тоа токму тоа и го правиме, ги следиме потребите на заедницата, служиме на заедницата. Имаме одлични односи со нашите партнери, со нашите пријатели од Ротари клубот Кочани – Виница, сега стекнавме нови пријатели во училиштето „Ристо Јуруков“ и се надевам дека ќе дадеме поттик сите да се свртиме малку, да видиме што се случува околу нас и да помогнеме каде што треба, истакна Зоран Дранговски, претседател на Ротари клубот Скопје.

-Упатувам голема благодарност до сите членови на Ротари клубот Скопје за оваа донација во најтешките моменти за градот Кочани. Оваа донација можеше да заврши во кое било училиште во Скопје или во кое било училиште во Македонија, но сепак несебичната одлука кои тие ја донесоа и одлучија да го донираат во Кочани е голем чекор за нас како Ротари клуб Кочани – Виница. Верувам дека и за сите за сите ученици, за сите професори коишто преку музиката ќе ги осознаваат, ќе ги чувствуваат и негуваат нашите македонски традиции ова не е мал чекор, ова е голем чекор кон промени, кон подобро во нашиот град Кочани. Преку музиката сакаме да се учат нови таленти, со музиката да ги искажуваат нивните чувства и нивните творби за во иднина, истакна Влатко Тасев, претседател на Ротари клубот Кочани – Виница.

Во име на учениците и вработените во музичкото училиште во Кочани, новиот инструмент го прими директорката Марија Лазарова, при што на претставниците од Ротари клубот Скопје им додели благодарница упатувајќи пофални зборови за нивната одлука да ги помогнат младите музички таленти.

-Би рекла луѓе, пред сѐ, кои на скромен начин, за нив можеби скромен, но за нас од големо значење, да дадат придонес за развој на музиката во нашиот град. Тоа е пијанино „Петроф“, инструмент кој за сите ученици ќе биде еден предизвик повеќе да се занимаваме со музика, еден предизвик повеќе за наставниците за да ги учиме учениците да ги споделуваат своите емоции преку музика. Еве, бевте сведоци на настанот преку кој нашите ученици својата благодарност ја искажаа преку еден мини-концерт кој се реализираше токму на новото пијанино „Петроф“ и се надевам дека соработката и со Ротари клубот Скопје и со Ротари клубот Кочани – Виница ќе продолжи и понатаму, а сѐ со цел да бидеме тука за нашите најмлади, за нашите деца, за нивните потреби и нивниот развој, истакна Лазарова.

Од Ротари клубот Скопје нагласија дека иако во земја каква што е нашата егзистенцијалните проблеми се меѓу главните приоритети, а уметноста е ставена на маргините, сепак преку музиката се одржува традицијата и идентитетот, а оваа донација е само скромен придонес тоа да продолжи и во иднина.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: ому „ристо јуруков“ротариротари клуб кочани - виница

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
16°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NE
52%
769.57 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
-/15°C
чисто небо
21/10°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?