Македонската асоцијација на аматерски велосипедски здруженија и клубови – МААВЗК вчера во Велес го одржа своето годишно собрание на кое досегашниот претседател Зоран Јаневски доби нов двегодишен мандат.
Нов мандат од две години добија и секретарот Живко Гурев од „Тиквешки точакџии“ – Кавадарци, како и потпретседателите Горанче Богоевски од „Macedonian bike riders“ од Скопје и Даниел Гарбески од „Вело Че“ од Прилеп, како и сите останати членови на Управниот и Надзорниот одбор.
На ова Годишно собрание беше утврдена и новиот календар на велосипедски настани за 2026 година со 26 велосипедски настани и outdoor фестивали, организирани од членките на Асоцијацијата.

За прв пат оваа година Асоцијацијата ќе организира натпреварувачки дел, односно се отвора Натпреварувачка сезона 2026 во рамките на Асоцијацијата, како можност за афирмација на голем број на велосипедисти кои имаат потенцијал за врвни достигнувања.
–Со воведување натпреварувачки систем во рамките Асоцијацијата на секој вело настан очекуваме да привлечеме големо внимание во велосипедската заедница во Македонија и во регионот, истакна Зоран Јаневски, претседател на МААВЗК.

Според Календарот за велосипедски настани за 2026 година сезоната за почнува на 22 март во Штип, а завршува на 1 ноември во Валандово. Во Календарот се најде и планинската велосипедска тура „Манданата“ што ќе се одржи на 16 и 17 мај на падините на Осоговските Планини, а чиј организатор е Клубот за планински спортови „Осоговски орел“ од Кочани.
Во наредниот период се планира формирање на повеќе комисии и работни групи кои со својата волонтерска ангажираност и посветеност ќе формираат систем по кој ќе се водат сите натпреварувачки настани.
Македонска асоцијација на аматерски велосипедски здруженија и клубови – МААВЗК брои 26 велосипедски здруженија или клубови кои опфаќаат преку 800 активни велосипедисти.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






