Во најголемата компанија во регионот ,,Амфенол Технолоџи Македонија” деновиве се заокружуваат активностите за оваа година и веќе е направен планот за реализација на проектите кои ќе следат.
Компанијата ќе ја испрати 2024 година со над 3 000 членови на тимот но и во подготовка на она што најмногу ќе ги израдува сите вработени – покачување на платите.
Во време кога секој денар е важен, а секој прилив на средства е добредојден, ,,Амфенол” ги покачува платите на сите свои вработени.
Во компанијата секогаш се трудат да одговорат на потребите на вработените и да им обезбедат економска и социјална сигурност и токму тоа ја прави една од најбараните средини за вработување. Повисоките плати, но и годишните бонуси ќе ги мотивираат сите вработени, особено и поради тоа што се соочуваме со секојдневни предизвици кои ги носат инфлаторните промени и големите животни трошоци.
Вработените се најважниот ресурс за ,,Амфенол”. Грижата за нив останува врвен приоритет и во иднина и тоа е еден од основните предуслови за големиот интерес за вработување во ,,Амфенол” од различни профили на кадри од целиот регион.
Во однос на социјалната сигурност и грижата за здравјето и следната година вработените во компанијата ќе ја имаат привилегијата на користење на услугите на приватното здравство за лекување и прегледи во најголемите приватни клиники.
За сите свои вработени, ,,Амфенол” покрај државното, продолжува со плаќањето и на приватно здравство, што е реткост за фирмите во државата, а полиси за здравствено осигурување по најповолни услови може да се прават и за членови на семејствата на вработените. Ова е голема предност, а со условите кои се обезбедени за вработените и нивните семејства, во голема мера се придонесува во унапредување и грижа за здравјето кое е најбитно.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.