Во 74-тата година од животот, почина Тодор Пашоски, градоначалник на Општина Кочани во периодот 2003-2004 година.
Беше претседавач на Советот на Општина Кочани во периодот од 2000 – 2003 година.
Во политичката кариера ја извршуваше и функцијата претседател на ОО на СДСМ – Кочани.
Тодор Пашоски беше доктор по стоматологија, специјалист по протетика со долгогодишно искуство во својата професија.
Погребот на починатиот беше извршен денеска на градските гробишта во Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.