Локалната самуправа на Зрновци почна со активностите за изградба на подземен бунар за водоснабдување на жителите во селото Видовиште.
По реализација на проектот, бунарот ќе се поврзе со постоечката водоводна мрежа за домаќинствата, а во септември ќе почне и реконструкцијата на главниот цевковод на фабриката за вода во Зрновци. Со тоа што ќе создадат услови за доток на вода во резервоарите во село Видовиште.
-Неповолните климатски фактори, енормно високите температури и драстичното намалување на врнежите од дожд, доведоа до опаѓање или целосно пресушување на реките и изворите низ државата, а со овој проблем се соочуваме и во селото Видовиште. Со природата не можеме да се бориме, но сето она што го имаме како опција и зависи од човечкиот фактор, ќе дадеме се од себе за да се надмине проблемот со водоснабдувањето, истакна градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.