Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Почна новата учебна година, градоначалниците им посакаа успех на учениците

автор: Администратор
1 септември, 2025 13:58
во Кочани, Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Почна новата учебна година, градоначалниците им посакаа успех на учениците

На првиот ден од новата учебна година в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски им се обрати на сите ученици во општината и им посака успешен почеток во образованието.

-Со почетокот на септември почнува ново поглавје во образованието. Ви посакувам среќен и успешен почеток на оваа учебна година, исполнета со нови знаења, искуства и можности. Секој почеток носи нова енергија и нови цели. Вашето училиште е местото каде што учите, растете, градите пријателства и ја креирате својата иднина, истакна Крстевски.

Во својата порака тој упати благодарност и до сите наставници и родители, истакнувајќи ја важноста на нивната улога во образованието на децата.

-Вашата посветеност и труд се основата на секој успех на учениците. Заедно, како заедница ќе продолжиме да работиме на тоа да ги создадеме најдобрите услови за учење и развој, додаде Крстевски.

И градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев присуствуваше на свеченоста на која заедно со учениците и наставниците од ООУ „Синиша Стоилов“ беше одбележан почетокот на новата учебна година.

-Посебна чест е што пречекавме нова генерација првачиња – наши најмали ученици кои го започнуваат своето училишно патување исполнето со знаење, другарство и нови предизвици. На сите ученици им посакувам успешна и радосна учебна година, исполнета со многу нови знаења и искуства. Благодарност до наставниците и вработените за нивната посветеност и љубов во воспитно-образовниот процес. Нашата општина останува посветена на подобри услови за работа и учење, затоа што децата се нашата најголема инвестиција и иднина, истакна градоначалникот Коцев.

Свечено беше и во Виница каде на почетокот на учебната година, градоначалникот Миле Петков им се обрати на учениците.

-Прв училишен ден – нови почетоци и нови инспирации! Образованието е темелот на секое општество. Ќе продолжиме да инвестираме во безбедни, модерни и инспиративни училишта за нашите најмлади сограѓани. Им посакуваме на сите ученици успешна и среќна нова учебна година, истакна Петков.

Почетокот на новата учебна година на пригоден начин беше одбележан и во централното училиште во Облешево, каде градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов им подели подароци на сите првачиња и им посака успешен почеток, а учениците ги поздрави и директорот на училиштето, Јорданче Костадинов.

-1септември е еден од највозбудливите денови за првачињата – денот кога за првпат го преминуваат прагот на училиштето. Тоа е голем и значаен чекор, исполнет со радост, љубопитност  и малку трема. За децата тоа е почеток на едно ново патување исполнето со другарства, игри, нови знаења и авантури. За родителите тоа е момент на гордост и емоции, гледајќи ги своите најмали како стануваат „големи“. За наставниците тоа е посветена мисија да ги водат и поддржуваат во секој нов чекор. На нашите нови првачиња, оваа учебна година да биде исполнета со насмевки, радост и љубопитност. Денес започнува вашата приказна како ученици – приказна што ќе ја паметите цел живот, рече Костадинов.

Оваа учебна година во двете основни училишта на територијата на општина Чешиново-Облешево се запишани вкупно 33 првачиња. Сите нови ученици добија пригодни подароци, а обезбедени се сите неопходни предуслови и оваа година образовниот процес да се одвива континуирано и непречено.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина виницаопштина зрновциопштина кочаниопштина чешиново - облешевоосновно образованиесредно образование

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нови правила за субвенционирање – оризопроизводителите со помалку од 7 декари остануваат без државна помош
Кочани

Нови правила за субвенционирање – оризопроизводителите со помалку од 7 декари остануваат без државна помош

автор: Т. Ајтовски
16 февруари, 2026 16:05
0

Земјоделците кои одгледуваат ориз се соочуваат со построги критериуми за добивање финансиска поддршка од државата, а клучната промена што предизвикува загриженост кај малите земјоделски стопанства е зголемувањето на...

прочитај повеќе
Жителите на Блатец излегоа на блокада против изградбата на мини хидроцентрала на реката Блатешница
Регион

Жителите на Блатец излегоа на блокада против изградбата на мини хидроцентрала на реката Блатешница

автор: Т. Ајтовски
14 февруари, 2026 16:13
0

Иницијативата „За чисто Блатец“ денеска организираше блокада на пристапниот пат кон реката Блатешница, на местото каде е најавена изградба на мини хидроцентрала. Со тоа се остварија заложбите на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 17, 2026 - вто
Кочани, MK
7°C
слаб дожд
слаб дожд
2 m/s, WNW
98%
744.06 mmHg
tue02/17 wed02/18 thu02/19 fri02/20 sat02/21
-/4°C
слаб дожд
6/1°C
одвоени облаци
10/1°C
облачно
8/4°C
облачно
9/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?