Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Почна полнењето со вода на земјоделските површини и сеидбата на оризот во Кочанско

автор: Т. Ајтовски
12 април, 2024 13:55
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Почна полнењето со вода на земјоделските површини и сеидбата на оризот во Кочанско

Земјоделците од кочанско Оризари годинава официјално први ја почнаа сеидбата на оризот, а вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани веќе ги полнат земјоделските површини со зафаќање на проточните води од Оризарска Река.

Со планот за наводнување за оваа година предвидено е да бидат опфатени над 4.200 хектари, од кои со ориз ќе има околу 3.800 хектари. На почетокот на сеидбената сезона на оризовите ниви во месноста Големо Поле кај Оризари присуствуваше и министерсот за земјоделство, Љупчо Николовски, при што најави дека има зголемување на површините што ќе се сеат.

-По сите договори и координации што ги имавме со претставниците на водстопанското претпријатие, водата навремено е пуштена во оризовите површини и го најавуваме почетокот на сезоната за наводнување. Хидросистемот „Брегалница“ и акумулацијата Калиманци имаат доволна количина вода, а овде имаме 200 нови хектари што се должи на успешните мерки и политики што ги креиравме заедно со оризопроизводителите. Со измените во законот за стокови резерви го исполнивме нивното барање за поголема сигурност, оризот стана стратешка култура., што значи во случај на вишок или нарушување на пазарот, државата ќе може да интервенира. Беше креириран и интервентниот фонд како алатка за поддршка, во зависност од потребата, истакна Николовски.

Од водостопанската подружница „Брегалница“ информираа дека подготвителните активности за пуштање на водата во каналите на хидросистемот се при крај, а акумулираните количини треба да обезбедат нормална реализација на сезоната за наводнување.

-Во браната Калиманци има 106 милиони кубни метри вода, што може да биде гаранција за успешна наводнителна кампања. Веќе се пуштаат проточните води, а од 25 април ќе почне да се користи и водата од акумулациите. Повеќе од 85 отсто од вадите и каналите се исчистени и очекуваме следната недела тоа целосно да заврши, истакна Благојчо Богатинов, ракводител на водостопанската подружница „Брегалница“ – Кочани.

Освен за оризовите полиња во Кочанско, вода од хидросистемот „Брегалница“ ќе биде обезбедена и за оризовите површини во соседните општини Виница, Чешиново-Облешево и Пробиштип.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: водостопанска подружница „брегалница“оризопроизводство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
14°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NE
57%
770.32 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
-/13°C
чисто небо
21/11°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?