Општина Чешиново-Облешево ќе биде домаќин на Илинденските спортски игри, што годинава ќе се одржат по 52. пат. Пријавувањето на екипите е до 1 јули, а по ждребувањето се очекува натпреварите да почнат во првата половина на идниот месец.
Организацискиот одбор испрати повик до сите месни заедници во Источниот регион да ги известат заинтересираните екипи од нивните места да се пријават за учество на турнирот.
Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево и годинава обезбеди награди. Првопласиранaта ќе добие 120.000 денари, за втората екипа обезбеден е износ од 50.000 денари, а ќе биде прогласени и најдобриот играч на турнирот.

Финалето ќе се одржи на празникот Илинден – 2 август, а организатор на традицоналниот настан е Општина Чешиново-Облешево.
Минатата година на турнирот учествуваа шест екипи, а фудбалерите на „Жиганци“ беа најуспешни и го освоија победничкиот пехар.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.