На фудбалското игралиште „Даме Груев“ во Чешиново, вчера попладне почна 52. издание на турнирот во фудбал во рамки на Илинденските спортски игри.
На првиот ден од спортскиот настан се натпреваруваа екипите „Жиганци“ и „Чешиново“.
Настанот го збогатија и фолклористите од КУД „Руен” од Кочани, а турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов.
-Оваа година Општината даде максимален напор во организацијата на настанот. Мене како градоначалник ми претставува чест и задоволство да ги отворам Илинденските спортски игри во нашата општина. Ни претстои месец исполнет со спортско дружење и се надевам дека најдобриот ќе победи. Оваа година на првопласирната екипа ќе и доделиме 120.000 денари, на втората екипа 50.000, а ќе го прогласиме и најдобриот играч, истакна Ангелов.
Планирано е да се играат по два натпревара дневно секоја недела, до крајот на месецот. Финалето е закажано за 2 Август – Илинден, кога ќе бидат прогласени победниците на 52. издание на Илинденските спортски игри.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.