Општинската организација на Црвен крст од Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани, ПО за БПС Кочани и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа активност „Прва помош за учесниците во сообраќајот“ и превентивна активност за топлотен бран.
Полициски службеници ги сопираа возачите учесници во сообраќајот, додека доктор волонтер од Црвен крст Кочани ги поучуваше во врска со најчестите повреди во сообраќајни несреќи и укажувања за прва помош.

Волонтери обучени по прва помош практично им демонстрираа техники по прва помош на учесниците во сообраќајот и ги вкучуваа во укажуваа прва помош на симулирани повреди.
Воедно, беше поделена пакувана вода, флаери и совети за заштита од топлотен бран на населнието.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






