Голем успех на меѓународниот натпревар Golden piano talents постигнаа уште двајца ученици во ОМУ „Ристо Јуруков“.
Младите Анастасиа Хаџи Паунова и Јане Златков постигнаа 95,3 , односно 92,3 поени и освоијa први награди во втората возрасна категорија. На натпреварот, чиј домаќин беше Франција, нашите ученици, по менторство на наставникот Дејан Стојанов, на пијано изведоа композиции од авторите на класичната музика, при што ученичката доби и специјална награда за најдобра изведба на дело од Јохан Себастијан Бах.
Ова е последен значаен успех за учениците и за ОМУ „Ристо Јуруков“ во оваа учебна година, во која покрај Хаџи Паунова и Златков, и ученикот Јован Цветанов на истиот меѓународен натпревар освои прво место.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.