Оркестарот на ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани го освои првото место во категоријата оркестар на Државниот натпревар на хорови и оркестри, што во саботата се одржа во Скопје.
-Учениците од нашето училиште под менторство на наставникот Дарко Ристов учествуваа на Државниот натпревар по хор и оркестар кој се одржа во Скопје и со оркестарот го освоија првото место. Честитки за ученици и наставникот, а извонредноста од нивниот настап не е случајност. Таа е резултат на силна намера, искрен напор и прекрасна изведба. Таа претставува мудар избор на комисијата помеѓу многу алтернативи, а не среќа или случајност. И оваа награда повторно нè прави посебно горди како училиште бидејќи нашите ученици секогаш се најдобри, а знаењето што го даваат учителите во нашето училиште е бесконечно, стои во писменото соопштение од ОУ „Раде Кратовче“.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.