Привршувајќи ги активностите во тековната календарска година Шаховскиот клуб „Кочани“ организираше Предновогодишен турнир во шах од отворен карактер.
На турнирот што денеска се одржа во просториите на Клубот, во Трговскиот центар во Кочани, учествуваа 16 шахисти од различна возраст, при што имаше интересни и неизвесни партии.

Првото место на турнирот заслужено му припадна на интернационалниот шаховски мајстор Ванчо Стаменков. Второпласиран беше Владо Јовановски, а третото место го освои Ванчо Захариев.


©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.