Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Пред да истече 10-годишниот договор со „Водовод“ за стопанисување со градскиот базен, Општината потпишала договор за јавно-приватно партнерство во траење од 30 години

автор: Т. Ајтовски
27 август, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Пред да истече 10-годишниот договор со „Водовод“ за стопанисување со градскиот базен, Општината потпишала договор за јавно-приватно партнерство во траење од 30 години

Цело лето остана заматена водата со која градскиот базен во Кочани беше наполнет уште минатата година, бидејќи оваа сезона објектот воопшто не проработи.

Ниту прашањата на 67. седница на Советот на Општината не помогнаа веднаш да се разбистрат надлежностите по забелешките во јавноста упатени кон КЈП „Водовод“ зошто базенот не беше ставен во функција.

Додека сѐ уште бил важечки десетгодишниот договор со кој базенот му бил даден на стопанисување на „Водовод“ до 2024 година, а тој пак имал договор со приватна фирма за користење, во јули 2017 година Општината објавила повик за технички дијалог за јавно-приватно партнерство за изградба на спа-центар. Потоа бил склучен и договор со истата фирма од Кочани на период од 30 години.

На седницата на Советот на која се разгледуваше финансиското работење на комуналното прептијатие во првите шест месеци од оваа година, советниците прашаа зошто за прв пат по повеќе години базенот остана со заматена вода и не работеше.

-Зошто базенот оваа година не работење, е првото прашање, а второто прашање – дали е точно дека договорот за спортскиот центар „Зорик“ е истечен или до каде е со него, кој ќе биде нов концесионер. Чаршиските муабети се дека веќе во 2024 година, во јуни месец е истечен, значи скоро цела година нема договор и од таму ви е тој минус на наемнини. Ќе ве молам прашањето тука, од говорница, бидејќи на писменото четврти месец не добив одговор, истакна Ивана Максимова, член на Советот на Општина Кочани.

-Точно е дека е имал договор „Водовод“ со компанија на 10 години за користење на тој простор. Истечен е во 2024 година, мислам дека беше на 27 јуни. Паралелно со тоа, ќе ви кажам сѐ што знам, нема што да кријам, паралелно со тој договор, додека „Водовод“ го има базенот таму за плаќање на годишна наемнина, истата компанија склучува договор за јавно-приватно партнерство со Општината, на 30 години, колку што знам. Мислам дека е 2018 или 2017 година. Во овие 4 месеци колку што сум јас, сакав да добијам одговор за состојбата со базенот, на крајот им пишав и на нив допис да ни го отстапат на наше користење, затоа што е изминат договорот меѓу „Водовод“ и таа компанија, а одговорот од нив беше дека имаат склучено договор за јавно-приоватно партнерство со Општината. Натаму веќе не е наша ингеренција. Ја известивме Општината и бараме мислење што понатаму. Досега нема одговор, очекувам дека ќе добиеме наскоро. Во договорот има опција дека може да се продолжи со истата компанија за наредните пет години под истите услови ако имаат зачителни вложувања. Не е продолжен, а не може ниту сега да се продолжи затоа што е изминат, истакна Мирче Паунов, в.д. директор на КЈП „Водовод“.

Во јули 2017 година, во периодот пред потпишувањето на договорот за јавно-приватно партнерство, од Општина Кочани информираа дека претходно изготвената физибилити струфија покажала дека  базенот треба да се додели за период од 30 години, а вкупната проценета вредност на договорот изнесува 1 милион и 330 илјади евра без ДДВ. Од овој износ капиталната инвестиција била околу 845 илјади евра, а инвестицијата на закупецот во летната дискотека „Аква“ е во износ од 488 илјади евра, што е утврдено од страна на овластен проценувач. Според студијата, минималниот износ на надоместокот што приватниот партнер би требало да ѝ го плаќа на Општината изнесува најмалку 10 илјади евра годишно.

Од тогашниот Сектор за планирање и развој на Општина Кочани, во јули 2017 година дополнително информираа дека според договорот што би се склучил, приватната компанија како партнер има обврска да го изгради спа-центарот за период од три години. Притоа, приватниот инвеститор имал можност да го преотстапи договорот на трето лице со претходна согласност од Општината. Доколку се склучи договор за реализација на спа-центарот, требало да престане важноста на дотогашните договори за користење на објектите кај комплексот на градскиот базен.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јавно-приватно партнерствобазенкјп „водовод“општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
5°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, NNE
81%
768.82 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облаци
12/5°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?