Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Трипуновски на чело, ги остави на цедило оризопроизводителите. Пред само неколку дена Трипуновски во Кочани вети навремен и непречен откуп на оризот, но ниту е навремен, ниту е непречен. Откуп нема!
Жетвата на ориз започнува, но нема никаква најава за почеток на откуп. Оризопроизводителите ќе треба да трпат заради неодговорноста на државните институции.
Дали Трипуновски планира да реагира и да ги исполни ветувањата или ќе ги остави оризопроизводителите само да се снаоѓаат?
Бараме Владата да ги помогне оризопроизводителите со дополнителни 7 денари за килограм за предадена оризова арпа кај преработувачи. Нашето барање е издржано и е во интерес на земјоделците, а работа на Трипуновски е да ја реализира оваа мерка.
Бараме веднаш да се започне со откуп на оризовата арпа во поголеми количини бидејќи земјоделците немаат каде да го чуваат оризот.
Според нашите информации, од годинешната жетва се очекува род од околу 22 до 23 илјади тони оризова арпа, за која денес цените се ниски. Откупната цена денес за ситниот ориз е 25 денари за килограм, а за „андреа“ е 35 денари, за новата жетва се најавува уште пониска цена.
ВМРО ДПМНЕ демонстрира вистинска негрижа за цел еден земјоделски сектор.
Да потсетиме дека во времето на Владата на СДСМ, нашето македонско бело злато – оризот конечно се внесе листата на стратешки важни култури за државата. За 300 отсто се зголемија субвенциите за ориз, оризопроизводителите добија 100 проценти покривање на трошоците за зелена нафта, откупната цена на оризова арпа беше 40 денари, за прв пат се воведе мерка за специјализирани комбајни за ориз, се обнови Институтот за ориз.
Ова е вистинска грижа за секој еден земјоделец, напроти безидејноста и незаинтересираноста на ВМРО-ДПМНЕ.
ОО на СДСМ – Кочани
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.