Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Промовирана книгата „Прилози кон животот и дејноста на Малина Попиванова” од авторите Георги Ајановски и Доне Донев

автор: Т. Ајтовски
23 декември, 2024
во Кочани, Култура
време на читање: 2 мин.
A A
Промовирана книгата „Прилози кон животот и дејноста на Малина Попиванова” од авторите Георги Ајановски и Доне Донев

Пред поголем број граѓани и роднини на семејството Попиванови, денеска во библиотеката „Искра“ во Кочани беше промовирана книгата „Прилози кон животот и дејноста на Малина Попиванова” од авторите Георги Ајановски и Доне Донев.

Се работи за научно-истражувачки труд во кој подетално се опишани животот и активностите на истакнатата македонска револуционерка Малина Попиванова, позната во предвоеното комунистичко движење како Елена Галкина Краснаја. Таа и целото нејзино семејство се само дел од плејадата македонски национални дејци со потекло од Кочани коишто својата младост и своите животи ги посветиле и ги жртвувале за слободата на својот народ.

Промотор на трудот беше професорката Виолета Ачкоска, која нагласи дека авторите како низ филмско сценарио презентираат слики и искажувања за чудните и потресни животни патеки на семејството Попиванови од Кочани.

-Во центарот на вниманието е трагичната судбина на Малина Попиванова Краснаја или Елена Николаевна Галкина, многу малку обработувана личност во македонската историографија. Трагајќи низ сувопарните историски факти и документи, датуми и случувања, собирајќи зрно по зрно од штурите сеќавања и искази на сведоците, авторите ја доловиле човечката димензија, судбината на поединецот одредена од дадените околности и политичките пресврти на епохата. Тоа е потресна борбена драма на семејството Попиванови кое живеело во едно сосема неизвесно и бурно време и кое на својата кожа ги почувствувало неговите неверојатно променливи плими и осеки. Судбините им се испреплетени, секоја трагична на свој начин. Впрочем, такво било и времето, мачно, тешко за нивната Македонија, раскината на балканската крстосница, претешко за македонскиот народ изложен на сурова асимилација во четири различни држави. За комунистичка и национална дејност следувал најсуров прогон, а токму тоа на својата кожа го почувствувале и Стефан Попиванов и неговите деца Цеко и Малина како декларирани Македонци, револуционери и комунисти, истакна Ачкоска.

Поради здравствени причини еден од авторите на книгата – Георги Ајановски не присуствуваше на промоцијата, но испрати писмен допис што беше презентиран пред присутните. 

-Сведок сум дека и покрај различните историски интерпретации и присутни поделби во нашето општество, градот Кочани не само што не подлегна на сите тие политикантски манипулации, туку покажа доследност и принципиелност да не се откажува или дистанцира од националниот и антифашистичкиот придонес на своите сограѓани во остварување на Гоцевите Илинденски идеали. Публицистичкиот труд на господинот Доне Донев, дополнет со моите новинарски истражувања во поранешниот Советски Сојуз, е драгоцен сублимат за сѐ она што македонската историографија досега го има утврдено за семејството Попиванови, истакнува меѓу другото авторот Ајановски.

Коавторот на книгата Доне Донев изнесе краток приказ за идејата да работи на делото со кое дава свој придонес за историографијата на Кочани и личностите што учествувале во неа.

-За Малина слушнав за првпат 1980 година од познатиот режисер Саша Маркус со кој се спријателив по мојата премиера на монодрамата „Јас сакам да станам поет“, посветена на Ацо Караманов, младиот македонски поет загинат во НОВ. Маркус беше радосен што мене, од Кочани ми ја соопштува меѓу првите веста дека заедно со Кузман Георгиевски ќе публикува книга за Малина Попиванова. Тогаш, во младешката занес, не бев ни свесен за каква големина се работи, во домот на Саша ги разгледував материјалите за кои тој со восхит и нескриена радост зборуваше како за најголемо богатство. Не знаев за колкав грандиозен лик се работеше, за лик којшто се борел за правото и правдата на работникот и работничката класа и која во секоја прилика и на секое место гласно изговарала дека е Македонка, родена во Кочани, истакна Донев.

Извадоци од делото на Ајановски и Донев читаше актерот Страшко Милошевски, а по промоцијата примероци од книгата им беа поделени на сите библиотеки во основните училишта во Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: книжевна промоцијамалина попиванова

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“
Кочани

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“

автор: Т. Ајтовски
24 мај, 2025
0

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за...

прочитај повеќе
24-годишник од Кочани заработи притвор за убиство во обид
Кочани

Семејствата на жртвите во клубот „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

автор: Администратор
24 мај, 2025
0

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 24, 2025 - саб
Кочани, MK
15°C
облачно
облачно
2 m/s, WSW
92%
759.06 mmHg
sat05/24 sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28
-/15°C
слаб дожд
15/6°C
слаб дожд
18/8°C
облачно
20/12°C
неколку облаци
21/11°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?