Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот во „Пулс“ ќе биде во групи, почнува и реконструкцијата на Општата болница – Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 јуни, 2025
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Општата болница во Кочани обезбедува физикална терапија за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени во трагичниот пожар

Рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот во клубот „Пулс“ ќе се реализира за да се избегнат високите дневни температури во текот на летниот период и да се намали потребата нивните семејства да ги носат во болниците во Кочани или во Скопје, беше речено на денешната прес-конференција во Владата, на која зборуваа владината портпаролка Марија Митева и докторките Катерина Мирчовска од Општата болница во Кочани и Гордана Георгиева од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.

-Одморалиштето на МВР на Пониква ни е ставено на располагање за да се направи рехабилитација, ресоцијализација и да им се пружи психолошка поддршка на повредените, а ќе се активираат медицински тимови коишто ќе им бидат достапни 24 часа. Ќе бидат поделени во групи што ќе ротираат на две недели, а првата група ќе биде со повредени кои веќе добиваат физикална терапија, како и пациенти кои имале само изолирана инхалаторна повреда. На Пониква физикалната терапија ќе ја обавуваат четворица физиотерапевти, ќе има медицински сестри, специјалист физијатар, а во соработка со Центарот за психолошка поддршка од Скопје и невладини организации ќе има и посета од психолози и психијатри, истакна докторката Мирчовска, која од неодамна е и в.д. директорка на Општата болница – Кочани.

За пациентите кои немаат можност да добиваат рехабилитација на Пониква веќе е адаптирана просторија за физикална медицина при одделот за хирургија во Општата болница – Кочани, а од утре треба да почнат градежни активности за реконструкција токму од одделот за физикална медицина и рехабилитација. Во соработка со болницата од Штип ќе се направи план за згрижување на пациентите додека трае реконструкцијата.

Во периодот од 20 мај до 10 јуни евалуирани се 167 пациенти, пет пациенти сѐ уште се хоспитализирани во болници во државата, а уште пет се на лекување во странство. Неевалуирани се осум пациенти кои се со привремен престој или живеалиште во странство.

д-р Катерина Мирчовска, в.д. директорка на општата болница – Кочани

-Здравствената состојба се евалуираше врз база на анамнестички податоци, врз база на клиничкиот преглед и врз доставената медицинска документација. Се земаше предвид тежината и типот на повредата, главно моменталната состојба на пациентите и потребата од понатамошно лекување, рехабилитација и дополнителни оперативни зафати. Пациентите беа класифицирани во пет групи, почнувајќи од прва група како најлесна форма, до петта група како најтешка. Во Група 1 се 36 пациенти, во Група 2 – 49 пациенти, во третата група има 41 пациент, во четвртата се 25, а во петтта група има 16 пациенти. Сметаме дека е потребен мултидисциплинарен пристап и третман во лекувањето и нивно понатамошно следење. Потребно е за одреден временски период повторно да се направи евалуација за да се превенираат или рано да се препознаат можните компликации од различните типови на повреди, истакна докторката Георгиева, која е дел од тимот за евалуација на повредените.

Освен со изгореници, има пациенти со инхалаторни повреди и со психолошка траума, а оние кои се во четврта и петта група ќе им биде потребно продолжено лекување, а кај некои од петтата група и дополнителен хируршки третман. Евалуацијата на повредите од изгореници ќе се евалуираат повеќепати, во зависност од степенот и делот од телото што е зафатен.

д-р Гордана Георгиева, Клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје.

-Од март, кога се случи несреќата, до денес во болницата во Кочани се склучени договори со специјалисти по пластична хирургија од Универзитетската клиника за пластична хирургија и Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Дополнително и со физијатри и физиотерапевти од Клиничката болница во Штип, од ГОБ „8 Септември“ и од Институтот за физикална медицина и терапија „Козле“. За да ја следиме состојбата на повредените кои се вратија од лекување во болниците во странство, а кои обавуваат физикална тераприја и респираторни вежби, им беше посочено од тимот за евалуација дека треба да направат контроли. Со оглед што како проблем произлезе патувањето на високи дневни температури, разговаравме со Министерството за здравство и со пулмолози од ГОБ „8 Септември“, кои беа и на евалуацијата, има добра волја, знаеме што ни е потребно во болницата во Кочани за да можеме да ги доближиме, а апаратурата што ќе биде донесена и соработката со лекарите ќе останат и за понатаму, истакна докторката Мирчовска.

На почетокот на идната недела во Општата болница во Кочани ќе се спроведе активност за земање мерки за изработка на компресивна облека за пациентите за кои претходно тоа не било направено. Тоа ќе се реализира со претставништвата на изработувачите на облеката од Бугарија и Германија, а се работи и на скенирање со тродимензионален скенер за пациентите со изгореници на лицето, главата и вратот за да им се изработат силиконски маски по мерка.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општа болница со проширена дејност - кочанитрагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции
Кочани

29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции

автор: Т. Ајтовски
8 ноември, 2025
0

Родителите на загинатите во трагeдијата во клубот „Пулс“ јавно реагираа до Јавното обвинителство поради тоа што обвинети оствaруваат средби со оштетени лица со што можат директно да влијаат...

прочитај повеќе
Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов, во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласа пред Венко Крстевски
Кочани

Нов градоначалник на Кочани е Владко Грозданов, во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласа пред Венко Крстевски

автор: Т. Ајтовски
3 ноември, 2025
0

Владко Грозданов, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Општина Кочани откако во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласови пред...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
ное 9, 2025 - нед
Кочани, MK
12°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
93%
762.82 mmHg
sun11/09 mon11/10 tue11/11 wed11/12 thu11/13
слаб дожд
18/12°C
облачно
16/12°C
слаб дожд
14/9°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?