Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Само уште тројца потешко повредени од пожарот во „Пулс“ се лекуваат во болница, но не се во животна опасност, а заврши и проектот за рехабилитација на Пониква

автор: Т. Ајтовски
29 август, 2025 16:18
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Заврши рехабилитацијата на Пониква за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Уште само три лица кои се здобија со посериозни телесни повреди во пожарот во „Пулс“ се хоспитализирани. Нивната состојба е релативно добра и не се во животозагрозувачка состојба, информираше директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски при денешната посета на Општата болница во Кочани.

-Ме радува да спомнам дека за неколку дена бројот на повредени што се хоспитализирани се намали на тројца, двајца пациенти се пуштени на домашно лекување, еден пациентот од Истанбул се врати на 27 и тој е на домашно лекување и еден пациент од Клиниката за пластична хирургија исто така е пуштен на домашно лекување. Значи, во моментот останува на лекување во болнички услови еден повреден во Истанбул и два повредени во Аџибадем Систина. За жал сѐ уште двајца се во тешка, не е критична, во тешка состојба и се надевам дека и таму борбата ќе биде успешна и ќе излезат заздравени. Настрана од тие тројца што се на болничко лекување, двајца сѐ уште имаат потреба од повремените интервенции бидејќи имаат отворени рани. Ќе бидат третирани тука, во Кочани, и Фондот за здравствено осигурување ги покрива контролите за шест пациенти во болницата „Пирогов“ во Софија. Не зборам за физикалниот дел, тој си се одвива редовно за сите повредени. Имавме чест да дојде Јан Тонкс, познат пластичен хирург од Белгија, кој правеше проценка на повредените со изгореници на лице, на врат и на дланки, 18 повредени се, бидејќи овие се најсензитивните повредени на кои ќе им треба подолготраен третман понатаму, истакна директорот Клековски.

Директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Мирчовска нагласи дека се следат комплетните препораки на специјалистите во третманот на повредените. Ќе бидат вклучени и дерматолози за третман на лузните на кожата од повредите.

-Силиконските маски коишто кај дел од повредените за лица и за врат беа изработени со 3Д скенирање и со 3Д принтање во Германија, веќе се изработени и се пристигнати во Хрватска, направена е јавна набавка и истата е завршена во кочанската болница. Се очекува во наредниот период да ги добијат повредените, значи коишто има потреба, посебно со лузни на лицето и на вратот. Остануваме отворени понатака за соработка со специјалисти коишто ќе ни покажат во наредниот период што понатаму треба да следиме. Компресивните облеки ги добија, процесот не завршува, за шест месеци ќе имаме повторно набавување на компресивна облека, такви се препораките, ние ги следиме. Хипербарната капсула ќе биде во функција, бидејќи беа на обука специјалисти од физикална медицина и физиотерапевт, беа на обука во Шпанија и планираме да ја сместиме во новите простории на физикалната медицина, истакна Мирчовска.

Во меѓувреме во одморалиштето на МВР на Пониква заврши проектот за рехабилитација на повредените, што е оценет како успешен.

-Таму беа четири групи, беа официјално на третман над 90 повредени, не се работи за затворен тип, не се работи за болница, се работи за одморалиште, значи ние го именувавме како центар за рехабилитација. Беа вклучени доктори од Клиниката за пластична хирургија, специјалист физијатар, физиотерапевти, медицински сестри, комплетен тим кој што им беше потребен. Она што беше замислено од почеток, истото се оствари, значи беше малце поинаков тип на терапија во однос на нивните претходни работни обврски, во однос на нивните капацитети. Беа вклучени во групни спортски активности, имавме и музичари коишто беа во дел од повредените, значи за нив имаше посебен тип на терапија да ги вратиме повторно на инструментот којшто претходно го свиреле, исто така и за студентите беа направени напори да се излезе пресрет на нивните потреби и можности, додаде Мирчовска.

По завршувањето на проектот генерално се добиени позитивни критики и од страна на повредените и од страна на сите коишто беа вклучени во неговата реализација.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дискотека „пулс“рехабилитацијатрагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе
Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
19°C
облачно
облачно
3 m/s, E
48%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?