По повод 83-годишнината од почетокот на македонското востание денеска беше положено свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на спомениците во Паркот на Револуцијата.
Почит на жртвите за слободна Македонија оддадоа делегации од Локалната самоуправа, Советот на Општина Кочани, претставници на Сојузот на здружението на борците од НОВ, Здружението „Јосип Броз Тито“ и на општински партиски ограноци.

Градоначалникот Папазов упати празнична честитка во која го истакна значењето на 11 Октомври за самобитноста и самостојноста на македонскиот народ и придонесот на Македонија во победата над фашизмот во Втората светска војна.




©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.