Во организација на Ротари клубот Кочани-Виница во Мултикултурниот центар вечерва се одржа хуманитарен концерт со наслов “Мај – месецот на младите и музиката”. На концертот настапија ученици од музичкото училиште „Ристо Јуруков“, а собраните средства ќе бидат наменети за доопремување на училишна просторија.
-Средствата од овој проект ќе бидат наменети за музичко студио кое ќе биде од отворен карактер. Освен нашите ученици, ќе може да го користат и сите млади музичари. Преку тоа студио ќе може да оставиме траен запис за сите, истакна Марија Лазарова, директорка на ОМУ ,,Ристо Јуруков”.
Реализираниот хуманитарен настан е дел од проектот „Направи разлика“, имплементиран од Фондација за развој на локалната заедница – Штип, финансиран од американскиот народ преку агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Концертот беше поддржан и од Локалната самоуправа на Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.