Денеска во просториите на Шаховскиот клуб “Кочани” се одржа Третиот меморијален турнир во шах „Тодор Милосиев-Тошо”.
На турнирот во чест на кочанската шаховска легенда и шаховски педагог, Милосиев, настапија 24 шахисти на возраст од 9 до77 години од Кочани, Свети Николе и Скопје.
Првото место на турнирот го освои Ѓорги Петров, на второ место се најде Јоцо Колев, а третото место го освои Ванчо Петро
Пехарите на најуспешните им ги додели градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов. Највозрасниот учесник Михаил Стефанов и најмладиот гостин на турнирот Емануел Ангеловски добија шаховски табли, а за сите учесници ШК “Кочани” обезбеди медали.
Меморијалниот шаховски турнир се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.