Традиционалниот младински турнир во борење “Легендите на Спартак“ годинава ќе се одржи по 24. пат, а закажан е за в сабота, 23 ноември со почеток од 11 часот.
Домаќин и организатор на турнирот е БК „Спартак“, со поддршка од Федерацијата на борачки спортови на Македонија, а под под покровителство на Локалната самоуправа на Кочани.
Како и во изминатите години, и на овогодишното издание на турнирот ќе настапат натпреварувачи во машка и женска конкуренција, поделени во возрасни и тежински категорииежнски категории. Во тек е пријавувањето, а секој клуб што учествува на турнирот може да пријави само по еден натпреварувач во секоја категорија, при што треба да достави заверена легитимација од БФСМ или пасош ако се работи за борачи од странство.
Меморијалниот натпревар е продолжение на турнирот што претходно се одржуваше под називот „Андонов – Колев“, а се организира во чест на сите борачи кои во изминатиот период дале придонес за развој и популаризација на борењето.
Борачите на „Спартак“ пред неколку дена учествуваа на два меѓународни турнира во Скопје и Штип и се вратија со вкупно пет медали. На турнирот „13 ноември“ со Скопје, во кон куренциоја на борачи родени 2009, 2010 и 2011 година, златен медал освои Даријан Павлев во категоријата 68 килограми, Павел Темелков во истата тежинска категоријата се закити со сребрен медал, а Едис Билалов во категоријата до 48 килограми освои бронзен медал. На турнирот „Трофеј штипски боречки асови“, Јован Илијев во категоријата 53 килограми и Даријан Павлев во категоријата 68 килограми освоија сребрени медали.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.