Во рамки на воспоставената соработка меѓу Општина Кочани и скопската Општина Центар произлезе и конкретна помош за надминување и подобрување на состојбата по трагичниот пожар од март годинава.
Договорот што на почетокот од оваа работна недела го постигнаа в.д. градоначалникот Венко Крстевски и градоначалникот Горан Герасимовски резултира со финансиска донација за Кочани во висина од 1 милион денари. Добиените средства ќе бидат наменети за дополнително прскање против комарците, во рамки на напорите за поддршка на повредените во „Пулс“ кои поради изгорениците не смеат да се изложуваат на директна сончева светлина и на други надворешни влијанија.
Во план е добиената финансиска помош од жителите на Општина Центар да се искористи за дополнителни две авионски прскања против комарците што би требало да се реализираат во месец август годинава.
Претходно, согласност за примање на донацијата треба да даде Советот на Општина Кочани, на редовната 65. седница што е закажана за в четврток, 19 јуни.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.