Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Советот на Зрновци ја прифати физибилити студијата за јавно-приватно партнерство за јавното осветлување

автор: Т. Ајтовски
2 мај, 2024
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Советот на Зрновци ја прифати физибилити студијата за јавно-приватно партнерство за јавното осветлување

Советот на Општина Зрновци ја прифати физибилити студијата за можно воспоставување јавно-приватно партнерство за реконструкција, одржување и развој на јавното осветлување во трите населени места во општината. Целта на студијата беше да се направи анализа за економската исплатливост, како и за техничките и финансиски можности за реализација на проект што ќе ја унапреди состојбата со осветлувањето на јавните површини.

Според резултатите од студијата, Зрновци е меѓу општините кои прибираат најмала комунална такса за улично осветлување, а бројот на светлечките места во изминатите две години беше зголемен за уште 150, со што сега има вкупно 650 позиции со светилки во трите населени места.

На 38. седница на Советот на Општината, градоначалникот Борчо Коцев даде кратко образложение за податоците што се добиени со физибилити студијата. Притоа нагласи дека ако се направи споредба со општина Кратово, на пример, која има десет пати повеќе населени места, ќе се види дека таму има 900 улични светилки, што значи дека општина Зрновци е во далку подобра состојба.

-Покрај главните параметри, колку примања имаме по основ на комунална такса, колку имаме плаќања за електрична енергија и плаќање за одржување и замена на потрошен материјал за електрична енергија, а имајќи предвид дека јавни-приватни партнерства се прават од 15 до 30 години, еден ваков проект би чинел околу 800 илјади евра. Забележано е дека во село Мородвис е најмногу дотраена електричната инсталација, па Видовиште и Зрновци. Оваа студија објаснува дека Општина Зрновци не може од сопствен буџет да реализира таков проект, а доколку би земала кредит тој би се одразил на долгорочна отплата и големи камати.  Поради тоа, таа предвидува јавно-приватно партнерство, со  што 25 години Општината ќе нема никакви трошоци за замена на потрошен материјал, за инсталација и за плаќање на електричната енергија. Значи, целата таа процедура околу финансиски расходи или ангажирање правни лица за одржување, што сега го имаме, ќе биде надмината. Во студијата е нагласено дека за 50 отсто пократок временски период би биле заменети прегорени рефлектори или оштетувањата на инсталацијата, истакна Коцев.

Изработената физибилити студија ќе биде добра појдовна основа доколку во иднина Општина Зрновци одлучи да спроведе постапка за јавно-приватно партнерство, а што се реализира на ист начин како и тендерска постапка преку Бирото за јавни набавки.

Членовите на општинскиот Совет дадоа едногласна поддршка на добиените податоци, како и на насоките и препораките од студијата за одржување и унапредување на јавното осветлување.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јавно осветлувањејавно-приватно партнерствоопштина зрновци

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Митко Костадиновски во Виница, Ванчо Митев во Зрновци и Јорданчо Костадинов во Чешиново-Облешево победија во вториот круг од локалните избори за градоначалник
Политика

Митко Костадиновски во Виница, Ванчо Митев во Зрновци и Јорданчо Костадинов во Чешиново-Облешево победија во вториот круг од локалните избори за градоначалник

автор: Т. Ајтовски
3 ноември, 2025
0

Вториот круг од локалните избори за градоначалник во општините од микрорегионот ја потврди состојбата од гласањето од пред две недели, а единствена промена во резултатот имаше во општина...

прочитај повеќе
Заврши 17. Фестивал на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас“
Култура

Заврши 17. Фестивал на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас“

автор: Т. Ајтовски
30 октомври, 2025
0

Со комичното стендап шоу на Надица Петрова во салата на Домот на културата „Тошо Арсов“ синоќа беше затворен 17. Фестивал на хумор и сатира “Ин Виница веритас“. Манифестацијата...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
ное 9, 2025 - нед
Кочани, MK
12°C
облачно
облачно
1 m/s, E
94%
763.57 mmHg
sun11/09 mon11/10 tue11/11 wed11/12 thu11/13
облачно
18/12°C
слаб дожд
17/13°C
слаб дожд
11/10°C
одвоени облаци
14/8°C
чисто небо
16/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?