Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 19 часот на булеварот „Тодосија Паунов“ во близина на Здружението на возачите – Кочани.
Во инцидентот учествувале патничко моторно возило и скутер, при што од силината на ударот целосно е уништен скутерот. Сериозна материјална штета има и кај автомобилот.

Според првичните неофицијални информации повредени се две лица кои се превезувале на скутерот, при што интервенираше и возилото на итната медицинска помош од Општата болница.
На местото на несреќата сообраќајот го контролираше сообраќајната полиција која ги пропушташе возилата само по едната коловозна лента. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.