Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Со донации за Општа болница – Кочани и за општините во регионот, на 18 и 19 октомври „Aмфенол Технолоџи Македонија“ ќе го прослави 11. роденден

автор: Т. Ајтовски
10 октомври, 2024
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Приватно здравствено осигурување за 2.900 вработени и за членовите на нивните семејства обезбедува „Амфенол Технолоџи Македонија“

Единаесет години поминаа од почетокот на работењето на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, што во Кочани дојде како браунфилд инвестиција на познатиот американски холдинг. Оттогаш таа бележи постојан раст и развој и ги исполни, па дури и ги натфрли најавените и очекувани параметри, и во поглед на обемот на производство и на бројот на вработени.

По повод 11. роденден, што ќе биде одбележан идниот викенд, ќе има повеќе активности, што беа презентирани на прес-конференција.

-Во средината на октомври 2013 година почнаа првите активности и веќе 11 години имаме успешно работење. И оваа година обезбедивме доста средства за донации за нашиот партнер Општа болница од Кочани, со која имаме одлична соработка, како и за општините кои што гравитираат и со кои соработуваме, не само Кочани, бидејќи имаме вработени и од Пробиштип, Македонска Каменица, Берово, Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево. За сите нив имаме предвидено донации и поддршка, и се надевам дека со тоа само ќе го зголемиме задоволството и на локалната заедница и на нашите вработени, бидејќи тие ја чинат локалната заедница, 3.200 вработени од овој регион не се малку и се важна бројка. Сметам дека со тоа ќе успееме да се оддолжиме колку-толку на локалната заедница, истакна Сашко Наков, директор на „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Во компанијата очекуваат растот и развојот да продолжат и во наредниот период, а со тоа и поддршката на општините во регионот.

-Што се однесува до иднината мислам дека сега имаме доволно обем за девет деловни единици, десеттата ја подготвуваме, се надевам дека од јануари ќе ја почнеме. Планот за наредната година е проширување со уште една зграда во автомобилскиот дел, бидејќи имавме доста инвестиции во неавтомобилскиот сектор, како што беа кабинети за реституција на енергија, кабли за медицинска намена, така што имавме повеќе разновидност и ја продолживме таа диверзификација на бизнисот на „Амфенол Технолоџи Македонија“ за да можеме со сите предизвици коишто перманентно ги имаме, да го задржиме и осигураме растот, додаде Наков.

Во рамки на својата општествена одговорност, компанијата  обезбеди повеќе донации за институциите и општините од целиот регион.

-На 19 октомври, сабота, „Амфенол Технолоџи Македонија“ ќе ја одбележи единаесетгодишнината од работењето и одлучивме најголем дел од средствата коишто се наменети за роденденот да одат за донации. Вредна донација ќе добие кочанската Општа болница, каде целосно е опремен кабинет со медицинска опрема и сè што е потребно за интервенции. Со тоа во иднина, сите коишто имаат потреба, нема да патуваат во клиниките во Скопје или другите градови, туку овие зафати ќе се извршуваат во кочанската болница. Исто така, дониравме и во детските градинки во Чешиново-Облешево и Зрновци. Со оглед што имаме голем број вработени од целиот регион, „Амфенол“ како донација обезбеди поставување автобуски постојки што ќе можат да ги користат граѓаните на Пробиштип, Македонска Каменица, Виница и Берово, а донација е предвидена и за Доброволното противпожарно друштво во Кочани, истакна Валентина Андовска од „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Во рамки на одбележувањето на роденденот, идниот викенд е планирана свечена програма со забавно-музички дел, што ќе се одржи во кругот на компанијата.

-На 18 октомвеи, во петок, на спортското игралиште во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи турнир во мал фудбал којшто е веќе традиционален и на кој учествуваат екипи од сите производни единици на „Амфенол“. Тоа ќе биде во 19 часот и ќе претходи на прославата на роденденот. В сабота, во 13 часот на платото пред компанијата на новата локација ќе имаме еден свечен, но и фамилијарен и забавен ден. Нашите вработени ќе можат да присуствуваат со своите деца и подготвуваме еден интересен забавен град, а на оваа дневна свеченост е предвидено доделување признанија, награди, благодарници и гравирани рачни часовници за нашите колеги коишто се вработени  пет години. 193 лица ќе ги добијат овие награди. Вечерната забава е од 19 часот на истата локација и на оваа свеченост ќе бидат прогласени најдобрите вработени кои ќе добијат вредносни ваучери, а 81 работник кои се со 10 години стаж ќе добијат јубилејни награди. Имаме и музички гостин – Антoниа Гиговска, и навистина имаме причина да ја одбележуваме оваа единаесетгодишнина со 3.200 вработени, од кои 500 се на возраст до 25 години, што особено радува и убедени сме дека тој тренд ќе продолжи, додаде Андовска.

Во „Амфенол Технолоџи Македонија“ не го кријат задоволството од постигнувањата што компанијата ги направи во текот на изминатата деценија, а плановите се таа да продолжи да се развива и да остане меѓу најважните стопански субјекти во државата и пошироко.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: амфенол технолоџи македонија

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во Кочани се одржа 5. Регионален саем на винили и носачи на звук, иницијатива за основање Музеј на македонската рок музика  и Национален музички архив
Кочани

Во Кочани се одржа 5. Регионален саем на винили и носачи на звук, иницијатива за основање Музеј на македонската рок музика  и Национален музички архив

автор: Т. Ајтовски
13 јули, 2025
0

По петти пат Кочани беше домаќин на Регионалниот саем на винили и носачи на звук, што се одржува во рамки на празничната програма по повод Петровден – празникот...

прочитај повеќе
Екипата на „Але-дар“ е победник на 23. Петровденски турнир во мал фудбал
Кочани

Екипата на „Але-дар“ е победник на 23. Петровденски турнир во мал фудбал

автор: Администратор
13 јули, 2025
0

Во финалниот натпревар на 23. Петровденски турнир во мал фудбал, што се одигра на спортскиот терен во Бавчалук, „Але-дар“ ја совлада екипата на „Исток турс Цуфле“ со резултат...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 13, 2025 - нед
Кочани, MK
27°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NNE
30%
761.31 mmHg
sun07/13 mon07/14 tue07/15 wed07/16 thu07/17
-/27°C
одвоени облаци
37/21°C
неколку облаци
36/23°C
чисто небо
37/23°C
облаци
36/23°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?