Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Со меѓународната изложба на карикатури почна фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас 2024“

автор: Т. Ајтовски
19 октомври, 2024
во Култура, Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Со меѓународната изложба на карикатури почна фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас 2024“

Во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница синоќа беше отворена меѓународната изложба на карикатури, со што почна 16. фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“.

На отворањето на изложбата беше истакнато дека годинава на конкурсот на тема „Кој  прв започна“ пристигнале над 420 творби од 170 карикатуристи од 43 држави во светот, а жири комисијата во состав Дамир Новак и Крешимир Квештек од Хрватска, Мирослав Хајнос од Полска, Маријана Иванова и Благица Стојановска од Македонија ги соопшти тројцата првонаградени.

-Годинава првата награда и вредносниот ваучер му припадна на Хуан Габриел Бенавидес од Шпанија, второнаграден е Олексиј Кустовски од Украина, а третата награда ја доби Гергели Бача oд Унгарија. Во рамки на фестивалот ќе го славиме хуморот, но не само затоа што нè забавува, туку и поради неговата повисока цел – да поврзува. Во денешницата што изгледа сè потешка, смеата е свежиот воздух што ни треба на сите, истакна Благица Стојановска, директорка на Домот на културата „Тошо Арсов“.

Почетокот на Фестивалот беше повод во употреба да биде предадена и реконстурираната Сина сала на Домот на културата, а градоначалникот на Виница, Миле Петков истакна дека општината добива современо уреден простор за културни настани.

-Се работи за функционален простор со капацитет од 250 седишта и посакувам оваа сала да стане место во кое ќе се случуваат бројни настани и манифестации што ќе придонесат за збогатување на културно-забавниот живот во нашата општина. Еден од нив секако е и „Ин Виница веритас“, кој веќе неколку години фигурира на интернационалната мапа на фестивали за хумор и сатира, пред сè поради учеството на врвни карикатуристи од целиот свет. Радоста и задоволството се уште поголеми што конечно имаме услови за одржување на вакви и слични културни настани, истакна градоначалникот Петков.

Веднаш по отворањето на изложбата на карикатури, во вечерниот термин стендап настап имаше актерот Сашко Коцев со комедијата „Широк дијафазон“, а Фестивалот продолжува денеска со традиционалната Вечер на македонскиот афоризам. Исто така ќе биде отворена и изложбата на плакати „10 години Imposter“ од графичкиот дизајнер Маријана Иванова.

Во драмската програма во наредните два дена ќе гостуваат аматерскиот театар „Мирка Гинева“ од Демир Капија со претставата „Ти спиеш, тебе ти се спие“ и Народниот театар „Трајко Прокопиев“ од Куманово со комедијата „Љубовна терапија“.  

Програмата на фестивалот ќе биде затворена со едукативни часови за епиграм со средношколците од Виница под менторство на Миле Ѓорѓијоски, во чии рамки ќе биде промовирана книгата „Палави епиграмчиња“ и изложбата на илустрирани епиграмчиња од Софија Ситновска.

Фестивалот „Ин Виница веритас“ и годинава се одржува со финансиска поддршка од Министерството за култура, а под покровителство на Општина Виница и локалниот бизнис сектор. 

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дом на културата „тошо арсов“ - виницаин виница веритасфестивал за хумор и сатира

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Митко Костадиновски во Виница, Ванчо Митев во Зрновци и Јорданчо Костадинов во Чешиново-Облешево победија во вториот круг од локалните избори за градоначалник
Политика

Митко Костадиновски во Виница, Ванчо Митев во Зрновци и Јорданчо Костадинов во Чешиново-Облешево победија во вториот круг од локалните избори за градоначалник

автор: Т. Ајтовски
3 ноември, 2025
0

Вториот круг од локалните избори за градоначалник во општините од микрорегионот ја потврди состојбата од гласањето од пред две недели, а единствена промена во резултатот имаше во општина...

прочитај повеќе
Заврши 17. Фестивал на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас“
Култура

Заврши 17. Фестивал на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас“

автор: Т. Ајтовски
30 октомври, 2025
0

Со комичното стендап шоу на Надица Петрова во салата на Домот на културата „Тошо Арсов“ синоќа беше затворен 17. Фестивал на хумор и сатира “Ин Виница веритас“. Манифестацијата...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
ное 9, 2025 - нед
Кочани, MK
11°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
92%
762.82 mmHg
sun11/09 mon11/10 tue11/11 wed11/12 thu11/13
слаб дожд
18/12°C
облачно
16/12°C
слаб дожд
14/9°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?