Владимир Грчев, ученик во осмо одделение во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани продолжува со успесите на натпреварите по информатика.
На 5. Македонска јуниорска олимпијада по информатика, што на 16 и 17 април се одржа во Скопје, Грчев го освои второто место и сребрениот медал.

Натпреварот се одржа во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, а организатор беше Здружението на информатичарите на Македонија.
Со новиот успех, Грчев повторно ќе биде дел од тимот што ќе ја претставува државата на меѓународните олимпијади по информатика.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.