Поради сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 13 часот на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на надвозникот кон селото Соколарци, во прекин беше сообраќајот за сите возила.
Во сообраќајната несреќа учествувало патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистерски ознаки и едно возило на АРМ кое се превртело на коловозот. Повредени се четири лица кои се однесени во Општата болница во Кочани, а 56-годишно лице од Виница е префрлено во болницата во Штип.

Интервенираа по две возила на Итната медицинска помош и на ТППЕ од Кочани.
На местото на несреќата направен е увид за причините, а полициски службеници го пренасочуваа сообраќајот по локалниот патен правец од Соколарци кон Кочани и обратно.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.