По одличните резултати на Македонското државно првенство, тимот „Робо Москитос“ од Кочани настапува на Светското првенство по роботика во Првата лего-лига (FLL) чиј домаќин е Политехничкиот институт на Ворчестер, во државата Масачусетс, САД.
Македонската екипа составена од десет ученика од Кочани, Виница и од Словенија, двајца ментори и неколку волонтери, е дел од 108-те екипи од целиот свет што претставува рекорден број учесници на ова првенство.

По денешното претставување на екипите и свеченото отворање на првенството, од утре почнуваат натпреварите.
За нашиот град ова е трет настап на Светското првенство по роботика во Првата лего-лига.


©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.