60-годишен тракторист од виничко Градец смртно настрадал откако со тракторот излетал од патот.
Според информацијата што ја потврди МВР, вчера во 06.55 часот во Полициската станица – Виница било пријавено дека на местото „Цигански рид“ во Виница, В.М. од село Градец, додека управувал трактор „масеј фергусон“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата тој починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на Јавен обвинител од ОЈО – Кочани телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Виница.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.