Годинава, Општина Кочани ќе ја организира 33. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ која ќе трае од 27 до 29 септември.
Подготвена е богата тридневна програма, со официјално отворање на 27 септември, со концерт на македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева.
В сабота, на 28 септември предвидена е целодневна програма во Градскиот парк, почнувајќи од 10:30 часот со изложба и Празнично дефиле, па сѐ до вечерните часови исполнети со многу музика.
Традиционалното зажнејување и вршидба на ориз, заедно со културно-уметничката програма, годинава ќе се одржи на 29 септември во 10:30 часот во Оризари.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.