Младите членови на карате клубот „Партизан“ од Кочани постигнаа нов успех и освоија еден златен и два бронзени медала на Државното првенство за кадети, јуниори и каратисти до 21 година, што викендов се одржа во Скопје.
Во конкуренција на 290 каратисти од 51 клуб од државата, Филип Стојанов во категоријата кумите за јуниори над 76 кг го освои првото место и златниот медал, додека во кумите за кадети Јован Арсов во тежинска категорија над 70 кг и Владимир Трајков до 70 кг беа третопласирани и се закитија со бронзени медали.
Државното првенство во Скопје беше и изборно за состав на македонската репрезентација која ќе учествува на Европското младинско карате првенство, што во февруари идната година ќе се одржи во Полска.
Со успехот на Првенството, нашите каратисти обезбедија настап на Бергер турнирот што ќе се одржи во средината на декември, а на кој ќе учествуваат најдобрите четворица од секоја категорија. По резултатите на овој турнир ќе биде избран најдобриот од секоја категорија и тој ќе ја претставува државата на европско ниво.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.