Фолклорниот ансамбл „Осоговски извор“ – Оризари со пригодна свеченост ги промовираше просториите што ќе ги користи за своите потреби, а што ги уредувше во изминатиот период. Фолклористите таму ќе ги одржуваат договорните состаноци и другите средби, а во нив ќе бидат изложени и дел од признанијата и наградите што ги добиле во земјава и странство.
По промовирањето, просториите ги освети свештеник, при што ја благослови работата на Ансамблот со порака долги години да ја негува традицијата од Осоговијата.
Претседателот на ФА „Осоговски извор“, Никола Стојов истакна дека изминатиот период со помош и донации од жителите ги опремиле просториите што се лоцирани до Домот на културата во Оризари.
-Овде голем број народ е собран за една голема работа, со цел да ги известиме граѓаните дека нашиот ансамбл отвори нови простории, клуб и канцеларија. Нашиот ансамбл постои од далечната 1972 година, благодарение на добро познатите браќа Стојанови. Ние сега младите фолклористи ја продолжуваме нивната долгодогодишна традиција. Сакам јавно да се заблагодарам на сите оние кои дадоа придонес за овој проект, да ги отвориме просториите. За кратко време се заврши оваа работа, а на свечената промоција имаме гости и од други градови, односно од ансамбли со кои соработуваме од Прилеп, Скопје, Битола и Кавадарци, истакна Стојов.
Фолкористите од Оризари по повод отворањето на новите простории организираа забава за посетителите, како и дегустација на традиционални јадења од осоговскиот крај.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.