Нов успех постигна младиот каратист Филип Стојанов, член на КК „Партизан“ – Кочани на 24. Балканско првенство за кадети, јуниори и каратисти до 21 година што од 8 до 10 ноември се одржува во Сараево.
Во категоријата кумите јуниори над 76 кг. во конкуренција на 48 натпреварувачи нашиот каратист го освои второто место и се закити со сребрен медал.

Притоа извојува 4 победи над натпреварувачите од Турција, Црна Гора, Романија и БиХ, а во финалето доживеа минимален пораз од 2:1 од претставникот на Босна и Херцеговина.
Со овој успех, Стојанов ја потврди својата добра форма што ја најави пред две недели на силен карате турнир што се одржа во Црна Гора, каде освои бронзен медал.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.