Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Фондацијата Прогресив Академија од Виница беше домаќин на првата Лидерска конференција за пристап до финансии за мали и средни претпријатија

автор: Т. Ајтовски
15 мај, 2025
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Фондацијата Прогресив Академија од Виница беше домаќин на првата Лидерска конференција за пристап до финансии за мали и средни претпријатија

Фондацијата Прогресив Академија, како дел од компанијата „Макпрогрес – Винчини“, беше организатор на првата Лидерска конференција на тема „Пристап до финансии за мали и средни претпријатија“ што денеска се одржа во Виница.

Партнерска поддршка во одржувањето на настанот даде и Стопанската комора на Македонија, а целта е тој да прерасне во платформа за вмрежување, учење и за поврзување на компаниите заради обезбедување помош и нивен раст и развој.

-Нашата цел е заеднички да изградиме престижна бизнис академија и со конкретни бенефити за членките на Комората, а таа да биде насочена кон развој на нова генерација лидери во економијата. Чест ни е што соработката со Стопанската комора ја зајакнуваме, а нејзиниот претседател се приклучува како нов претседател на Одборот на директори на нашата Прогресив Академија, истакна Глигор Цветанов, директор на компанијата „Макпрогрес“.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески нагласи дека директната поврзаност и соработка со една од најголемите извозни компании во државата се унапредува преку градење систем за обука и образование за потребите на бизнисот и поддршка на извозот.

-Сакаме да се свртиме од општите кон поединечните прашања и потреби за секоја компанија, заедно да помогнеме тие да создаваат конкурентни производи, каков што е примерот со нашите домаќини. Во „Макпрогрес“ имаат визија за тоа, што го докажуваат во изминатите 10 години, а во наредниот период им претстои третата фаза, поврзана со циркуларната економија и зелената агенда. Факт е дека се исцрпуваат  сите можности коишто ни ги дава економијата и природата, поради што треба да се свртиме кон обновливата енергија и заштитата на човековата околина, а треба да почнеме да работиме веднаш, истакна Азески.

Првата лидерската конференција беше поделена во три панели на кои беа претставени финансиските инструменти за поддршка на малите и средните претпријатија, донаторските инструменти коишто можат да ги користат самите компании и нефинансиската поддршка што ја нудат разни асоцијации и агенции, како и коморите.

На конференцијата присуствуваа претставници од етаблирани компании, но и млади луѓе со иновативни идеи кои сакаат да креираат т.н. стартап бизниси. Предавачи беа реномирани финансиски и банкарски експерти, консултанти од областа на финансиската поддршка и стручни лица од домашни и меѓународни финансиски друштва и агенции.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: виницавинчинимакпрогреспрогресив академија

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Костадинов: Под контрола е состојбата со поплавите во општина Чешиново-Облешево, граѓаните поднесуваат барања за обештетување
Регион

Костадинов: Под контрола е состојбата со поплавите во општина Чешиново-Облешево, граѓаните поднесуваат барања за обештетување

автор: Т. Ајтовски
1 декември, 2025
0

Се смирува состојбата по поплавите што го зафатија подрачјето на општина Чешиново-Облешево, а заканите од нови излевања на речните корита се веќе под контрола. Изутрината состанок одржал општинскиот...

прочитај повеќе
Успешна крводарителска акција во Виница – собрани 92 единици со крв
Регион

Успешна крводарителска акција во Виница – собрани 92 единици со крв

автор: Т. Ајтовски
27 ноември, 2025
0

Општинската организација на Црвен крст од Виница организираше успешна ноемвриска акција за дарување крв на која крводарителите повторно изненадија позитивно со својот одѕив. На акцијата се собрани 92...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 5, 2025 - пет
Кочани, MK
10°C
слаб дожд
слаб дожд
2 m/s, ENE
90%
756.81 mmHg
fri12/05 sat12/06 sun12/07 mon12/08 tue12/09
слаб дожд
10/10°C
слаб дожд
12/8°C
облаци
12/7°C
облачно
10/6°C
облаци
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?