Амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром денеска оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов.
На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба во која се наоѓа Општината, како и за реализацијата на проектите што се спроведуваат со шведска поддршка.
Градоначалникот Грозданов изрази искрена благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува за Кочани, особено за брзата и значајна помош веднаш по трагедијата на 16 март, како и за реализираните средби и психосоцијални активности што следеа во периодот по настанот со делегација од Гетеборг, во која беа и преживеани од пожарот во 1998 година во дискотека во Гетеборг.
Двајцата соговорници ја потврдија важноста на досегашната соработка и ја истакнаа подготвеноста за нејзино натамошно продлабочување преку нови иницијативи и проекти во интерес на локалната заедница.
Градоначалникот Грозданов посочи дека ваквите партнерства се од клучно значење за забрзан развој и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






