Одличен успех постигнаа младите членови на карате клубот „Кочани“ на Државното првенство за деца на возраст од 10 до 13 години што се одржа викендов.
Клубот учествуваше со вкупно седум каратисти од кои шест се изборија за борба во финалето, при што освоија 2 златни и 4 сребрени медали.
Прво место и златен медал обезбедија Катерина Стојановска и Лука Златков, додека на второто место со сребрени медали се најдоа Ана Костадинова, Илина Костадинова, Душанка Ристова и Томислав Ристов.

Од клубот изразуваат гордост и за петтото место на нивниот член Дамјан Симеонов, кој имал реални шанси да стигне до бронзен медал, при што покажал голема борбеност. Младите каратисти на „Кочани“ уште еднаш докажаа дека упорноста, трудот и тимскиот дух носат врвни резултати.
КК „Кочани“ во наредниот период ќе продолжи со натпреварите, а каратистите се подготвуваат за Балканското првенство што ќе се одржи во Бар, Црна Гора од 30 мај до 1 јуни годинава.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.