Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Штетите во земјоделството од минатогодишното невреме во Кочанско проценети на 10,3 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
23 јули, 2024 11:45
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Штетите во земјоделството од минатогодишното невреме во Кочанско проценети на 10,3 милиони денари

Вкупната штета од невремето што кон крајот на јуни минатата година ги зафати населените места во општина Кочани е проценета на околу 10,3 милиони денари.

Според пријавите што граѓаните ги доставиле до општинската Комисија за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и други несреќи, околу 70 отсто од сумата е директна штета на земјоделските насади предизвикана од обилните врнежи од град. Остатокот е причинет со поплавување на површините и амбарите во кои биле складирани земјоделските производи.

-Најголеми оштетувања на градинарските култури има кај пиперот, каде градот и поплавите зафатиле над 22 хектари, а проценетата штета е околу 5,3 милиони денари. Кај житните култури најоштетена е пченката, при што на повеќе од 50 хектари штетата изнесува над 3,1 милиони денари. Оштетувања има и кај лозовите насади и овошките, но и кај оризот, кој иако е култура што бара вода, поради поплавување на површините предизвикана е штета од околу 250 илјади денари. Збирниот извештај, односно елаборатот со проценките е готов и деновиве ќе го разгледува Советот на Општината, по што ќе биде испратен до надлежната владина комисија. Исплатата што треба да се изврши од државниот буџет доцни подолг период, односно земјоделците сè уште не ги добиле парите за констатираната штета во 2022 година, истакна Зоранчо Зафиров, претседател на Комисијата за процена и утврдување на висина на штети на Општина Кочани.

Минатата недела заврши рокот во кој земјоделските производители ги пријавуваа штетите од невремето што го зафати кочанскиот регион на 24 јуни годинава. До Комисијата пристигнале поголем број пријави, главно од населените места во рамничарскиот дел на општината, каде поројните врнежи од дожди и град, проследени со силен ветер, предизвикаа штети кај посевите и на објекти. Постапката за проценка ќе трае неколку месеци, по што ќе биде изготвен збирен извештај.

Надоместокот за отштета од елементарни и други непогоди што го добиваат граѓаните е многу низок, а според податоците од општинската Комисија, по пожарите од пред две години што го зафатија регионот, биле исплатени само пет отсто од проценетата вредност.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: комисија за процена и утврдување на висина на штети од природни непогоди и други несреќи на општина кочаниневремештета

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа
Кочани

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 12:46
0

Денеска Кочани не зборува со зборови, туку со воздишки. Градот на оризот денес е обвиен во тешка тишина, одбележувајќи ја првата годишнина од кобниот пожар во дискотеката „Пулс“,...

прочитај повеќе
На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 17, 2026 - вто
Кочани, MK
6°C
облачно
облачно
1 m/s, ESE
85%
762.82 mmHg
tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20 sat03/21
облачно
12/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
6/5°C
облачно
10/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?