Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Јавна расправа за депонијата во Кочани организираше Министерството за животна средина

автор: Т. Ајтовски
17 декември, 2024 19:57
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Јавна расправа за депонијата во Кочани организираше Министерството за животна средина

Министерството за животна средина вечерва во Кочани организираше јавна расправа за проблемот со депонирањето на отпадот во комуналната депонија кај Бели. Со известување објавено вчера на официјалниот фејсбук профил, Министерството ги повикало граѓаните да присуствуваат на средбата во Салата на Советот на Општина Кочани.

За разлика од јавната дебата што се одржа минатата сабота, овојпат изостана масовноста, па таа повеќе беше средба со три-четворица граѓани и исто толку претставници од Министерството. Ако се изземат претставниците од МВР и од Центарот за социјални работи, кои присуствуваа по службена должност, прашање е како била замислена јавноста на состанокот во просториите на Мултикултурниот центар. Немаше официјален претставник од КЈП „Водовод“, па дури ниту од Општина Кочани, ако не се смета лицето што е задолжено за салата.

Покани за присуство на расправата биле испратени и до претставниците на Надзорното тело за мониторинг и давање поддршка при реализација на Програмата за јавна чистота и третман на отпадот на територијата на општина Кочани, но очигледно беше нивното отсуство.

-Членовите на Надзорното тело се револтирани поради начинот на организирање на расправата и отсуството на јавноста, па решија да не присуствуваат на средбата. Дополнителен аргумент е што никој од Министерството ниту еднаш не се појави на тринеделниот протест и блокадата на крстосницата на патот кон депонијата кај Бели. Истото се повтори и на јавната расправа што се одржа минатата сабота кога, иако најавени, не дојдоа претставници од ресорното министерство, поради што поголем број граѓани револтирано ја напуштија салата. Со тоа што и денешната јавна расправа доживеа неуспех, само се потврдува дека сме биле во право за несоодветниот однос на Министерството кон граѓаните на Кочани, истакна Венко Крстевски, претседател на Надзорното тело за мониторинг и давање поддршка при реализација на Програмата за јавна чистота и третман на отпадот на територијата на општина Кочани.

Се очекува Министерството да објави официјално известување за ставовите и заклучоците што произлегле од вечерашната јавна расправа во Кочани.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јавна дебатадепонијаминистерство за животна средина и просторно планирање

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
16°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NE
51%
769.57 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
-/15°C
чисто небо
21/10°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?