Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Јавна трибина за намалување на депонирањето на отпадот и примена на законските регулативи во таа област организираше Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани

автор: Т. Ајтовски
19 ноември, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Јавна трибина за намалување на депонирањето на отпадот и примена на законските регулативи во таа област организираше Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани

Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ беше организатор и домаќин на јавната трибина „Намалување на отпадот со цел заштита на животната средина – примена на законски регулативи за намалување на депонирање на отпадот“ што вечерва се одржа во ЦК „Бели мугри“ во Кочани.

Главната цел на настанот е подобрување на информираноста, транспарентноста и учеството на граѓаните и институциите во справувањето со неопасен отпад. Исто така, намерата е да се зајакне владеењето на правото во областа на животната средина преку поефикасно административно и кривично спроведување, во согласност со европските стандарди.

-Отпадот не е проблем само на оние кои менаџираат со него – отпадот е проблем на сите нас. Сите ние од една страна сме негови жртви, чувствувајќи ги последиците од неговото несоодветно одлагање и третирање, но од друга страна пак, сме главни виновници за неговото настанување. Сите ние имаме право на чиста и здрава животна средина, но имаме и обврски правилно да делуваме за да ја зачуваме животната средина чиста и здрава, истакна Ирена Мирчовска, претседателка на Здружението „Еко Тим Исток“.

Во своето обраќање пред почетокот на трибината, градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов нагласи дека одржувањето на хигиената и уредувањето на јавните простори е еден од приоритетите што ќе се реализира во тековниот период.

-Оваа недела детектиравме 21 мини депонија во централно градско подрачје, дневно исфрлавме по 30 камиони отпад и имаме досега исфрлено над 300 камиони по некои 5-6 кубни метри отпад, па пресметајте во што сѐ сме живееле. Управувањето со отпад не е само административно прашање, тоа е прашање во делот на здравјето, во делот на екологијата, економијата, социјалата, културата, безбедноста. Тоа едно сериозно и прашање со широк опфат. Во периодот што следи нашата општина решително ќе се насочи пред сѐ кон воведување на современи системи за селекција на отпад, подобрување на инфраструктурата за рециклирање, образовни кампањи кон граѓаните, создавање нови навики и свест за одговорно постапување со отпад, партнерства со научни институции, работење врз база најдобри практики и засилување во делот на спроведување на законските регулативи, истакна Грозданов.

На настанот учествуваа претставници институциите, од Локалната самоуправа, граѓански организации и правни експерти, кои од аспект на своето работење презентираа начини како да се применат законските регулативи и согледувања за унапредување на управувањето со отпад.

Трибината е дел од проектот „Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во општина Кочани“, имплементиран од Здружението „Еко Тим Исток“, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”. Проектот го имплементираат Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а финансиски е поддржан од ЕУ.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: еко тим истокекоактивизамопштина кочаниотпадтрибина

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
3°C
облачно
облачно
1 m/s, NNE
81%
767.32 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облачно
10/9°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?