Нов успех постигна шестоодделенецот Јован Цветанов на меѓународен натпревар „Пијано класична музика – професионална дисциплина“ чиј домаќин беше Франција.
Во голема конкуренција на млади музичри од целиот свет, Цветанов го освои првото место во втората категорија, односно групата ученици родени 2012 година.

Натпреварот се одвиваше онлајн, а нашиот претставник настапи со две класични композиции на пијано, при што од стручната жири комисија доби највисоки оценки за својата изведба, а за што му припадна и првата награда. Цветанов, кој во ОМУ „Ристо Јурков“ изучува пијано во класата на професорот Душан Стојанов, на натпреварот ги исполни Соната во Ц-мол од Моцарт и Двогласна инвенција од Бах.
Младиот и надежен пијанист од Кочани, на својот омилен инструмент свири од седумгодишна возраст, а веќе три години подоцна освои пет први и по едно второ и трето место на меѓународни и домашни натпревари. Годинава на Државниот натпревар по теорија на музика за основци што се одржа во Битола, имаше максимум од можните поени и ја доби првата награда.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.