Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

ЈПКД „Облешево“ достави барање до Регулаторната комисија за енергетика за утврдување тарифи за водните услуги за периодот 2025-2027 година

автор: Т. Ајтовски
5 февруари, 2025
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
ЈПКД „Облешево“ достави барање до Регулаторната комисија за енергетика за утврдување тарифи за водните услуги за периодот 2025-2027 година

Согласно законските обврски, Јавното претпријатие за комунални дејности „Облешево“ достави барање до Регулаторната комисија за енергетика  за утврдување тарифи, односно цени за услугите што ги обезбедува за корисниците на територијата на општина Чешиново-Облешево.

Барањето се однесува за утврдување миналмни и максимални просечни тарифи за снабдување со вода за пиење, за собирање и одведување на урбани отпадни води, како и за пречистување на отпадните води за периодот 2025-2027 година.

Во барањето е наведено дека просечната тарифа на водата за пиење во 2025 година изнесува 30,81 денар за кубен метар вода, во 2026 година тарифата се зголемува на 31,44 денари, а во 2027 година треба да изнесува 32,09 денари за метар кубен. Притоа, за сите три години количината на испорачана вода се проценува на исто ниво од 65 илјади кубни метри, а се очекува регулираниот максимален приход да изнесува нешто повеќе од два милиона денари.

Просечната тарифа за собирање и одведување на отпадните води во текот на трите години регулиран период се движи од 10,05 до 10,39 денари за кубен метар, додека тарифата за нивно пречистување е од 2,49 денари во 2025 година до 2,58 денари во 2027 година. Проценетата количина на собрана и одведена отпадна вода во секоја од три години изнесува по 59,5 илјади кубни метри, додека годишно би требало да се пречистуваат по 48 илјади кубни метри. Регулираниот максимален приход по двата основа во текот на трите години е проценет од 720 до 743 илјади денари.

Во моментот тече периодот за доставување мислења од заинтересираните правни и физички лица во врска со предложените тарифи. Мислењата можат да се достават писмено, на адресата на Регулаторната комисија за енергетика или со е-пошта на erc@erc.org.mk и voda@erc.org.mk, најдоцна до 16 часот на  10 февруари 2025 година.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јпкд „облешево“вода за пиењеопштина чешиново - облешевоотпадна водарегулаторна комисија за енергетика

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Општина Виница продава 14 парцели за изградба на куќи и една за голем трговски објект, пријавувањето за јавното наддавање е до 14 јули
Регион

Општина Виница продава 14 парцели за изградба на куќи и една за голем трговски објект, пријавувањето за јавното наддавање е до 14 јули

автор: Т. Ајтовски
12 јуни, 2025
0

Општина Виница објави јавен повик за продажба на градежно земјиште во државна сопственост за изградба на објекти за индивидуално домување, како и за комерцијална дејност, а од кои...

прочитај повеќе
Почна изградба на мини акумулација за подобрување на водоснабдувањето на домаќинствата во Мородвис
Регион

Почна изградба на мини акумулација за подобрување на водоснабдувањето на домаќинствата во Мородвис

автор: Т. Ајтовски
2 јуни, 2025
0

Локалната самоуправа на Зрновци го почна проектот за изградба на мини акумулација на Морошка Река, со што ќе овозможи подобрување на водоснабдувањето на домаќинствата во селото Мородвис. За...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јун 14, 2025 - саб
Кочани, MK
24°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, SW
43%
765.82 mmHg
sat06/14 sun06/15 mon06/16 tue06/17 wed06/18
чисто небо
26/19°C
чисто небо
26/17°C
чисто небо
28/18°C
чисто небо
29/19°C
чисто небо
28/20°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?