Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево ја почна постапката за доуредување на комуналната инфраструктура во Облешево, а за што ќе инвестира средства од сопствениот буџет.
Објавен е јавниот повик за прибирање понуди од заинтересирани фирми за изградба на фекална канализација на улицата „Маршал Тито“, од левата страна на магистралниот пат кон Кочани. Вкупната должина на која ќе се работи е околу 650 метри, при што ќе се постават полиетиленски коругирани цевки со пречник од од 200 и 250 милиметри.

Според техничката спецификација во тендерската постапка, избраниот изведувач ќе треба да постави и 16 монтажни канализациски шахти со капаци од лиено железо, како и да обезбеди технички услови за 20 куќни приклучоци на главната канализациска цевка и да ги санира оштетувањата на коловозот од улицата со поставување нов асфалтен слој.
Рокот за поднесување на понудите по јавниот повик е до 9 август, а со изведувачот, што ќе биде избран како најповолен, Општина
Чешиново-Облешево ќе потпише договор, по што тој ќе има обврска преземените задачи да ги реализира во период од три месеци.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.