Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Едукативен камп по информатика на Пониква за најдобрите ученици од Македонија организираа Здружението „Бистри умови“ од Кочани и Здружението на информатичари на Македонија

автор: Т. Ајтовски
22 август, 2025 16:52
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Едукативен камп по информатика на Пониква за најдобрите ученици од Македонија организираа Здружението „Бистри умови“ од Кочани и Здружението на информатичари на Македонија

Десетина најдобри и талентирани млади информатичари од Македонија се дел од еднонеделниот подготвителен камп за националните информатички тимови, што трета година по ред се одржува во Кочани.

Учениците се сместени во угостителскиот објект „Изгрев“ на Пониква, каде имаат одлични услови за подготовка за идните настапи на меѓународна сцена. Поддршка за нивниот престој дава и Општина Кочани, а при посетата на в.д. градоначалникот Венко Крстевски беа разменети мислења за натамошно унапредување на соработката, при што му беше доделена и благодарница.

Кампот го водат врвни професори и ментори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ од Скопје, на чело со претседателот на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) проф. д-р Миле Јованов.

– Годинава Светската олимпијада по информатика веќе се одржа во Боливија и таму постигнавме огромни резултати, два сребрени медала, што е најдобар резултат досега за Македонија. Ни претстојат Балканската олимпијада, која што ќе се одржи во Италија, Европската јуниорска олимпијада во Шумен во Бугарија и Балканската јуниорска олимпијада во Кипар. Имаме десетина ученици, тука тие се најдобрите, и се трудиме да ги научиме да бидат што е можно подобри затоа што ќе се натпреваруваат со ученици од сите други земји коишто учествуваат на натпреварите. Ние како мала земја, ученици одбрани од еден ипол милион жители, мораме да бидеме многу добри за да можеме да имаме добри резултати. Очекувањата ни се секогаш високи, добро е кога имаме континуитет, секоја година да имаме повеќе ученици и секој од нив да има повисок квалитет, а дел од тоа доста помага и ова континуирано работење со нив, вакви подготовки, делумно во Скопје во текот на учебната година онлајн и сега овие, како што ги нарекуваме вистински подготовки на планина кога сме сите тука еден до друг 24 часа и со можност нели што е можно повеќе знаење да им пренесеме, истакна претседателот на ЗИМ, Миле Јованов.

Домаќин и организатор на едукатиувниот подготвителен камп на Пониква е Здружението „Бистри умови“  од Кочани, кое веќе две години по ред организира и неколкумесечни бесплатни курсеви по математика и информатика за ученици од цела Македонија.

-Среќни сме што по трет пат, еве благодарение на градоначалникот, можеме да си го дозволиме да ги примиме најдобрите информатичари, да бидат во нашиот град, на Пониква да се подготвуваат за претстојните меѓународни олимпијади. Идејата ни беше здружението го формираме само за да им помагаме на талентираните деца од Македонија. Имаме бесплатни курсеви по математика, информатика, односно подготовки за натпревари и математика информатика и со гордост можам да кажам дека претходната година на тие неколку месечен и бесплатни курсеви присуствуваа околу 1700 деца од цела Македонија, истакна  Анита Атанасова-Грчев, претседателка на Здружението „Бистри умови“ од Кочани.

Заедно со професорите од ФИНКИ, со учениците на кампот работат и тренери, односно студенти кои претходно учествувале на меѓународни натпреварувања.

-Јас сум Иван, поранешен натпреварувач во тимот на Македонија, сум учествувал на Светска олимпијада, на Европска јуниорска олимпијада и сега сум тука како еден вид на тренер. Доаѓам од Валандово, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, тука организираме за децата натпревари, секој ден имаат по еден натпревар кој се состои од три задачи. Целта е на некој начин да го имитираме натпреварот што ќе биде на самата Олимпијада, значи тој трае 5 часа, три задачи како што кажав и тие се обидуваат што е можно повеќе поени да извадат и потоа ги поминуваме задачите.

Во слободните активности како дел од кампот на Пониква, младите информатичари од Македонија го поедукативниот центар на компанијата „Мак Прогрес – Винчини“, каде ги очекуваше поинакво и незаборавно доживување, при што сами приготвуваа свои тортини.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здружение „бистри умови“информатикапониква

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
13°C
облаци
облаци
1 m/s, NNE
77%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?