Владимир Грчев, исклучителен ученик од Кочани, кој од септември минатата година го продолжи своето основно образование во ООУ „Братство – Карпош“ во Скопје, е избран за Првенец на генерацијата – признание што го доби по само една година во новата средина.
Иако имаше кратко време да се прилагоди, Владимир зад себе остави трага каква што ретко кој ученик од неговата генерација успеал да постигне. Со импресивни резултати и врвни достигнувања, оваа учебна година ја обележа со златни медали, први награди, високи пласмани, и членства во националните тимови по информатика, како и најновиот успех – пласман во националниот тим по математика.
Како потврда за досегашните успеси, Грчев ќе биде дел од првиот и официјален тим што ќе ја претставува Македонија на Јуниорската балканска математичка олимпијада (JBMO).
Овој успех не само што е личен триумф за него и гордост за училиштето каде што го завршува основното образование, туку претставува и најголема гордост за Кочани, бидејќи Владимир Грчев е нашиот кочански гениј – симбол на посветеност, знаење и исклучителен талент.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






