Одличен успех постигнаа младите каратисти на карате клубот „Кочани“ на почетокот на оваа натпреварувачка сезона. На првиот овогодишен турнир Фунакоши Гичин, што денеска се одржа во Скопје, во силна конкуренција нашите спортисти освоија вкупно 10 медали.
Со ваквиот успех тие го потврдија својот борбен дух и добрата подготвеност, како најава за освојување нови медали и поголема мотивираност за идни успеси.
Први места и златни медали освоија Томислав Ристов во категориите помлади кадети до 45 и до 48 кг, Алексеј Ристов во категоријата ученици до 34 кг и Лука Златков кај помладите кадети до 52 кг.

Со сребрени медали од турнирот во Скопје се вратија Магдалена Николова во категоријата помлади кадетки над 55 кг и Лука Ѓоргиев кај кадетите до 63 кг.
Третопласирани со бронзени медали се Петар Стаменков во конкуренција на кати за каратисти родени 2017 година и помлади, Душанка Ристова кај помладите кадетки до 45 кг и до 47 кг, како и Лука Златков кај помладите кадети до 57 кг.
Организатор на турнирот беше Карате федерацијата на Македонија.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.