Одличен настап имаа младите членови на карате клубот „Кочани“ на 41. Меморијален меѓународен турнир „Никола Грдановски – Нике“ што се одржа во Скопје.
Клубот го претставуваа 10 натпреварувачи кои освоија вкупно 13 медали во поединечна и екипна конкуренција. Дел од нив се натпреваруваа во повеќе тежински категории, а беа и во составот на екипата која настапи во борби.
Прво место и златен медал освоија Алексеј Ристов во конкуренција на каратисти родени 2015 година и помлади во категоријата до 35 кг и Илина Костадинова во тежинска категорија до 44 кг за каратисти родени 2013/2014 година.
Сребрен медал со пласман на второ место освои Томислав Ристов во категоријата до 35 кг за каратисти родени 2011/2012 година.
Третопласирани со освоени бронзени медали се Дарија Симеонова во кати за каратисти родени 2017 година и помлади, Јоана Стојчева во категорија со 27 кг за каратисти родени 2015 година и помлади, Алексеј Ристов во категоријата до 35 кг за каратисти родени 2015 година и помлади, Душанка Ристова во категорија до 40 кг за каратисти родени 2011/2012 година, Томислв Ристов во категорија до 40 кг за каратисти родени 2011/2012 година, Лука Златков во категоријата до 55 кг за каратисти родени 2011/2012 година, како и Лука Ѓоргиев во кадетска конкуренција до 57 кг.
Во екипна конкуренција, тимот во состав Илина Костадинова, Душанка Ристова, Катерина Стојановска и Ана Костадинова, освои трето место во кумите за каратисти родени 2011/2012 година.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.