Одлично помина продажбата на државно градежно земјиште во Општина Зрновци, со која на инвеститорите им беа понудени вкупно 21 градежнa парцела, во сите трите населени места.
По спроведеното електронско јавно надавање, оттуѓени се 15 градежни парцели за изградба на семејни куќи со вкупна површина од 19 илјади квадратни метри, а буџетот на Општината ќе биде надополнет со над 1,57 милиони денари.

Од вкупниот број на парцели понудени за продажба, девет беа во Зрновци, седум во Видовиште и две во Мородвис. Притоа на четири парцели во Зрновци предвидено е да се градат објекти со приземје и два ката, додека останатите се за приземје, два ката и поткровје.
Продажбата на градежно земјиште во Зрновци се реализираше по пауза од неколку години, а од Локалната самоуправа истакнаа дека во изминатиот период граѓаните покажале зголемен интерес за изградба на сопствени куќи, а имало и заинтересирани инвеститори за стопански објекти.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.